Моја Акушерка

Asset 4@2x-8

Драга мамо

Дали знаете каква е ситуацијата кога имате тешки нозе навечер?

Можеби исто така ви е познато, долги жешки денови, тешки стапала, отпечаток од чорапите кога ги соблекувате, или пак со голема тешкотија ги вадете прстените од прстите?

Задржување на вода во бременоста.

Ако сето ова ви звучи познато, тогаш имате задржување на водата во текот на бременоста.  Најпрво добрата вест: тоа е сосема нормално и исто така може да се случува често.
Задржувањето на водата, познато и како едем, обично прво се забележува во отпечатокот од чорапите или отечените прсти.  Најдобро е да ги вратите прстените по бременоста, пред воопшто да не можете да ги извадете.
Но, без грижа:
Ова е сосема нормален процес, бидејќи хормоните во бременост ги олабавуваат ѕидовите на вашите крвни садови и течноста влегува во сврзното ткиво. На крајот на бременоста може да бидат едемите најизразени.
Сè додека немате други симптоми, тоа нема да ви наштети ниту на вас ниту на вашето бебе. Но, може да се чувствувате непријатно.
Задолжително посетете лекар ако чувствувате дека развивате други симптоми или не се чувствувате добро.

Не грижете се, задржувањето на водата ќе исчезне прилично брзо. Приближно 2-3 недели по раѓањето, тие се елиминираат преку мокрење и потење.

Еве неколку совети за намалување на задржувањето на водата за време на бременоста:
Обидете се често да ги кревате и одмарате нозете. Вежбањето е секако одлично, како што е и пливањето.  Ова е оптималниот спорт со кој се чувствувате најпријатно во бременоста.  Бидејќи притисокот на водата ја исфрла водата во ткивото, што овозможува крвта да тече подобро. Ова има позитивен ефект врз вас и вашето тело.  После тоа ќе забележите колку брзо треба да брзате во тоалетот .
Ако не ви се допаѓа пливањето, можете да ја наполните кадата со вода и сол, или ако ви недостасува време, да ги држете само стапалата во вода со сол.

Вежбата со подигање на прсти, повторете ја неколку пати на ден.  Ве молиме не земајте никакви диуретици од кој било вид.

Дополнителна помош се чорапите за тромбоза или хулахопките за тромбоза, кои лесно може да ви ги препише матичен лекар или гинеколог.  Не заборавајте да ги облечете веднаш штом ќе станете.
Удобните чевли не само што се прекрасни за општото секојдневие, тие се и особено корисни за намалувањето на задржување на водата.
Други начини за намалување на задржувањето на водата се контрастните тушеви (секогаш завршувајте со ладен туш) или, препорачливо, акупунктура.  Сепак, треба сами да откриете што е добро за вас, а што не.  
За жал, нема да можете целосно да го избегнете задржувањето на водата, но можете да добиете одредено олеснување со овие совети. За се што е невообичаено со други пропратни симптоми секогаш побарајте лекарска помош.

Ваша Акушерка Николина